Празникот на светите тројца Јерарси прославен во Делчево

На 12 февруари 2026 година, на празникот на Светите Три Јерарси, Неговото Преосвештенство викарниот Епископ Дремвитски г. Давид началствуваше на светата архијерејска Литургија во храмот „Св. Наум Охридски“ во Делчево, на покана и во сослужение на надлежниот архиереј, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко. На Литургијата сослужуваа и повеќе свештенослужители.

После прочитаното евангелско зачало беседеше Епископот г. Давид.

На крајот од Литургијата пригодни обраќања со изрази на благодарност упатија Епископот г. Марко и Епископот г. Давид.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1Agw3ekwPj/