Празникот Преображение прославен во манастирот Вељуса, Струмица

На 19 / 6 август, на празникот Преображение Господово, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица”, во с. Велјуса, близу Струмица, беше отслужена света архијерејска Литургија.

На Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дидимотихос, Орестиада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум и на Неговото Преосвештенство викарниот Епископ Дремвитски г. Давид.

На Литургијата, после прочитаното евангелско зачало, беседеше Митрополитот г. Наум, а на крајот се обрати Митрополитот г. Дамаскин честитајќи му ја триесетгодишнината од хиротонијата во архиерејски чин на Митрополитот г. Наум.

По завршувањето на Литургијата за присутните беше приредена трпеза.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/16tFx8oTym/