Празникот на светиот Николај архиепископ Мирликиски – Чудотворец, патрон на градот Прилеп беше прославен торжествено, на 19 / 6 декември 2025 година. Чествувањето започна со света архијерејска литургија во храмот „Свето Благовештение“, со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на свештенство од Прилепското архиерејско намесништво.
На Богослужбата, Високопреосвештениот Митрополит Петар го одликува со носење граден крст протојерејот Златко Ангелески.
Потоа се продолжи со режење на колач во слава и чест на патронот Свети Никола пред параклисот во центарот на градот, каде се одржаа и пригодни говори. „Нека ни е за многу години Светиот Никола и нека ни го закрилува пред Господа нашиот град Прилеп и нашата држава Македонија низ вечните векови“ – завршува известувањето од храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп.








