Предавања во Крушево во неделите од Великиот пост

Крушевско-демирхисарската епархија го објави распоредот на богословските предавања кои со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован ќе се одржуваат во неделите од Светата Четириесетница во храмот „Св. Никола“, во Крушево.

Овие предавања се одржуваат трета година по ред, по вечерната служба. Умилителната Вечерна богослужба започнува во 16 часот, а предавањата се во продолжение во 17 часот.

Следува распоредот на предавањата.

1. Недела на Православието (1 март 2026) – Негово Високопреосвештенставо, Митрополит крушевски и демирхисарски г. Јован, на тема: „Дали Господ игра зарови?”

2. Недела на Св. Григориј Палама (8 март 2026) – Презвитер Марко Манојловиќ, на тема: „Литургиско предание на Црквата надвор од посните денови, и во текот на велигденскиот пост”

3. Недела крстопоклона (15 март 2026) – Проф. д-р Аспазија Софијанова, на тема: „Како Бог влијае на мозокот на луѓето”

4. Недела на Св. Јован Лествичник (22 март 2026) – Презвитер Предраг Поповиќ од Српската Православна Црква, на тема: „Град на светлоста – Есхатон”

5. Недела на Св. Марија Египетска (29 март 2026) – Негово Преосвештенство, Епископ стобиски г. Јаков на тема: „Срце скрушено: покајанието како дар на Великиот пост”

Извор: https://krushdem.org/2026/02/07/raspored-na-predavanja-po-vecherni-chetiriesetnica-2026/