При посетата во Сиднеј Австралија на архимандритот Серафим и дел од сестринството на Слепченскиот Манастир, покрај секојдневните духовни предавања, на 14 ноември, во петокот во салата „Ливерпул пауер хаус“ со почеток во 7 часот, се одржа предавање за химнографијата во Православна Црква: служби, акатисти, химнографски сочиненија, со посебен осврт на тропарите од Слепченскиот пролог со химнографија, создадени од Сестринството на Слепченскиот Манастир, кои ќе бидат срочени во над 40 тома.
На ова предавање, исто така, се говореше за Слепченскиот скрипториски книжевен центар на славната Охридската архиепископија во кој слепченските монаси низ вековите создавале книжевни дела, а денес, тоа духовно накалемување во слава Божја го имаме во новото книжевно творештво на Сестринството.



