Премиерите на Унгарија г. Орбан и на Македонија г. Мицкоски во посета на Дебарско-кичевската епархија

Фотографии: dke.org.mk

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан кој се наоѓа во посета на Македонија, заедно со Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски, на 28 септември го посетија храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ и Галеријата на икони, каде што беа дочекани од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Митрополитот Тимотеј им посака топло добредојде на гостите и ги прими во просториите на Дебарско-кичевската епархија, каде што го запозна Премиерот Орбан со историјата на нашата света Црква.

При својата посета на Охрид г. Виктор Орбан положи венец на споменикот на Сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј во центарот на градот.