Премиерот во посета на манастирот Св. Јоаким Осоговски

На 27 август 2024 година, во пресрет на Успението на Пресвета Богородица, Премиерот на Владата на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски, го посети манастирот на Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Премиерот беше примен од страна на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и Mитрополитот г. Јосиф. На средбата Премиерот беше запознаен со богатата историја на манастирот и со идните планови за развој на манастирскиот комплекс.