Преображението на Господа Исуса Христа на гората Тавор – славата на манастирот во прилепско Зрзе беше торжествено прославен со Божествена Литургија.
На светата архијерејска Литургија ноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, во сослужение со Високопреосвештените Митрополити Препанско-пелагониски г. Петар и Дебарско-кичевски г. Георгиј и Епископите Хераклејски г. Климент и Велички г. Никола и свештенослужители од повеќе епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.



















