Препис од чудотворната икона Богородица Троеручица на 6 јуни годинава ќе пристигне во Штип од манастирот Хиландар на Света Гора – соопшти протојереј-ставрофор Добрица Јанев од Брегалничката Епархија.
Во сабота, на 6 јуни иконата се очекува да пристигне во 16:30 часот во соборниот храм „Св. Никола“ во Штип. Потоа ќе има литија до храмот „Св. Димитриј“ во Ново Село, каде што иконата ќе остане трајно. На литијата ќе учествува и Неговото Високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион и монасите од светогорскиот манастир Хиландар, кои ќе ја донесат иконата – изјави за телевизијата „ТВ Стар“ отец Добрица.
