На 27 август 2026 година, во претпразненството на Успението на Пресветата Владичица наша Богородица, во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, првојерархот на Кумановско-осоговската епархија, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, отслужи Божествена Литургија.
На Божествената Литургија, меѓу присутниот верен народ, беше и Неговата Екселенција, претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски. Неговото молитвено присуство на празничните литургии е перзистентно и во континуитет дава придонес во одржувањето на традицијата и споменот на светителското дело на Свети Јоаким Осоговски.
По завршувањето на Божествената Литургија, Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј му се обрати на верниот народ со пригодни зборови.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
















Извор: https://koe.mk/novosti/vesti/pretpraznenstvoto-na-uspenieto-na-presvetata/
