На 28 јануари 2026 година, во храмот „Св. Димитриј“ во Ќустендил, Бугарија, беше отслужена архијерејска Литургија, по повод именденот на Неговото Преосвештенство Епископот Велбуждски Исак, од Бугарската Православна Црква, втор викар на Софискиот Митрополит.
На Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство, вомировениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, во сослужение со Преосвештените Епископи: Богослов Маркианополски, викар на Старозагорскиот митрополит и Исак Велбуждски. Сослужуваа свештенослужители од повеќе епархии на Бугарската и Македонската Православна Црква, а присутни беа претставници од локалните власти и други угледни личности од Ќустендилската област.
На крајот од Литургијата, беа прочитани свечени обраќања до Епископот Исак по повод празникот на неговиот небесен покровител, и му беа врачени подароци за спомен: Митрополитот Јосиф му подари престолен крст, а Владиката Богослов панагија.
По богослужбата беше приредена трпеза на љубовта.























