Продолжување на часовите по веронаука во храмот „Св. Илија“ во Скопје

Со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан и во текот на Новото 2026 лето Господово продолжува започнатата едиција на часови по Православна веронаука во храмот „Свети пророк Илија“ во скопската населба Аеродром.

Предавања се одвиваат во помошните административни простории при храмот, секоја среда, со почеток во 18 часот.

Програмата на предавања за месец март 2026 година е следна:

4 март – Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани

  • Чудесата на Господа Исуса Христа: Чудото со десетте лепрозни (Лука 17, 12-19)
  • Читање и толкување на Новиот завет – 5 глава од Дела апостолски.

11 март – Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога

  • Чудесата на Господа Исуса Христа: Чудото со синот на царскиот човек (Јн. 4, 46-53)
  • Читање и толкување на Новиот завет – 6 глава од Дела апостолски.

18 март – Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји

  • Чудесата на Господа Исуса Христа: Чудото со ќерката на Хананејката (Мт. 15, 21-28)
  • Читање и толкување на Новиот завет – 7 глава од Дела апостолски.

25 март – Блажени се гонетите за правда, зашто нивно е царството небесно

  • Чудесата на Господа Исуса Христа: Чудото со болниот слуга на стотникот (Лука 7, 1-10)
  • Читање и толкување на Новиот завет – 8 глава од Дела апостолски.