На 26 јуни годинава, во посета на Струмичката православна епархија беа професори и студенти од Аристотеловиот универзитет во Солун, Република Грција, заедно со свештеници од Православната црква на Грција.
Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум нив ги прими викарниот Епископ Стобиски г. Јаков. Гостите ги посетија манастирите „Покров на Пресвета Богородица“ во Водоча и „Пресвета Богородица Елеуса“ во Вељуса, како и манастирот на Светите 15 Тивериополски Свештеномаченици во Струмица.
На свечениот ручек им се придружи, ги поздрави и им посака добредојде и Митрополитот Струмички г. Наум.



















