Професори од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје зедоа активно учество на Меѓународниот симпозиум за наука, теологија и уметност (ISSTA 2026), кој се одржа од 3 до 5 мај 2026 година на Православниот богословски факултет при Универзитетот „1 Декември 1918“ во Алба Јулија, Романија.
Темата на годинашниот симпозиум беше: „Родителството, родот и христијанскиот идентитет во светот кој се менува“, при што учество зедоа бројни еминентни теолози и научници од повеќе земји.
Во рамките на пленарната сесија, продеканот доц. д-р Стефан Гоговски го презентираше трудот на тема: „Сексуалната револуција и онтолошкото прашање на родот: компаративна анализа на источноправославната и римокатоличката перспектива“.
Во рамките на тематските панели, вон. проф. д-р Анета Јовковска го изложи својот труд: „Родителството како еклисијална формација: православно-антрополошки пристап кон идентитетот на адолесцентите“.
Продеканот доц. д-р Виктор Недески учествуваше како модератор на сесија и го презентираше трудот: „Родовите идентитети и идеалот на андрогинија во гностицизмот“.
Учеството на професорите од Православниот богословски факултет во Скопје претставува значаен придонес во богословскиот дијалог за прашањата на родот, семејството и христијанскиот идентитет во современиот свет. Воедно, тоа ја потврдува активната вклученост на Факултетот во меѓународната академска заедница и неговата посветеност кон развојот на современата православна теолошка мисла.
Симпозиумот овозможи плодна научна размена, продлабочување на академската соработка и отворање на нови перспективи за идни истражувања во областа на теологијата и сродните дисциплини.









Извор: https://pbf.edu.mk/учество-на-професори-од-православнио/
