Развојот на нови технологии претставува незаобиколна тема на современите интердисциплинарни истражувања, кои ги обединуваат природните и техничките науки со философијата, лингвистиката, психологијата, етиката, правото итн. Теологијата тука не претставува исклучок, дотолку повеќе што таа со векови наназад претставувала стожер на човечката мисла и точка на пресекување во која се обединувале најразличните сфери на знаењето и уметноста. Имено, централното место во средновековните универзитети – врз кои се темели современото високо образование – ѝ било доделено токму на теологијата.
Деветтиот Светиклиментов научен собир ќе ја продолжи практиката на интердисциплинарно вмрежување на современата македонска теологија со другите науки кои се изучуваат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и на другите македонски универзитети и научни установи. Притоа, во центарот на вниманието ќе се постави токму прашањето за допирните точки меѓу теологијата и современите технологии. Пред сѐ, станува збор за односот кон дигитализацијата и вештачката интелигенција – кои може да бидат предмет на различни видови теолошки релевантна рефлексија. Од една страна, следува да се истражат онтолошките, етичките и естетските импликации на предметните текови, а од друга страна, да се испитаат сферите и границите на нивна применливост како во современата научно-истражувачка работа, така и во литургиската и пастирската практика.
Собирот ќе се одржи на 05.12.2025 (петок) во Свечената сала на Факултетот со почеток од 10:00 часот.
Во прилог е програмата:
10:00
Отворање на научниот собир10:30
Прва сесија (работно претседателство: Виктор Недески, Борче Грамбозов)Нинослав Марина
Теологија и технологија = благосостојбаИлче Мицевски-Игнат
Технолошкото дехуманизирање на животот: последици и духовни решенијаДејан Борисов
Односот на Црквата кон технолошките иновацииАнета Јовковска
Христијанска педагогија и дигиталниот интерфејс: антрополошки и методолошки предизвици во контекст на развојот на дигиталната култура и трансформацијата на образовните парадигмиДарко Анев
Логосот, алгоритмот и новозаветното слово: теолошки и медиумски перспективи за дијалогот меѓу традицијата, технологијата и вештачката „интелигенција“11:20
Дискусија
11:40
Втора сесија (Работно претседателство: Стефан Гоговски, Александар Крстаноски)Иван Чорбев
Етички импликации на вештачката „интелигенција“ – стварност или антропоморфизамДејан Донев
Каде е вистинскиот избор: аргументите на трансхуманистите и биоконзервативците во однос на новите технологииВиктор Недески
Христијанска антропологија и вештачка интелигенција: богословски и антрополошки перспективи и предизвици во современиот технолошки контекстБорче Грамбозов
Одговорноста на теологијата наспроти технологијата, софтвер и човек како логосно битие12:20
Дискусија12:40
Пауза
13:00
Трета сесија (работно претседателство: Анета Јовковска, Дарко Анев)Стјепан Штивиќ
Границите на техничките науки: смееме ли да направиме сѐ што можеме да направиме?Кирче Трајанов
Комуникација или симулација – главниот предизвик во дигиталната ераАлександар Крстаноски
Типографијата и црковнословенските богослужбени книги во македонијаНиколче Ѓурѓиноски
Евхаристискиот живот на црквата во време на дигитални технологииМилан Ѓорѓевиќ
Аскетика или технофилетизам? Егзистенцијалните избори во 21 век13:50
Дискусија14:10
Затворање на научниот собир
Извор: https://pbf.edu.mk/програма-на-деветтиот-светиклименто/
