Промоција на две книги на Епископот Дремвицки Давид во Хрватска

На 23 април 2025 година, во репрезентативната библиотека на епископската резиденција во Пакрачко-славонската епископија на Српската Православна Црква, во Пакрац, Хрватска, се одржа промоција на современата македонска теолошка мисла, т.е. промоција на двете книги на Епископот Дремвитски г. Давид (Нинов), „Уметност и откровение” и „Надвор од границите”, преведени на српски јазик.

За книгите говореа Епископот Пакрачко-славонски г. Јован и Епископот г. Давид.

На промоцијата присуствуваа и гости од Загреб, Белград, Бања Лука, така што после впечатливите осврти на епископите, следеа прашања и плодотворна дискусија.

После промоцијата беше приредено почастување за сите присутни на кое и продолжи разговорот за промовираните книги.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/16N6a4dJZs/