На 13 септември 2025 година, кога Црквата гo чествува Положувањето на појасот на Пресвета Богородица, а и по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ – с. Горно Лисиче, Скопје, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан богослужеше Света Литургија во храмот на овие сеславни апостоли.
На Литургијата во протојереи беа ракопроизведени јереите Вичко Гочевски и Методија Митановски.
Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.












































