На 8 ноември 2025 година, кога се прославува споменот на светиот великомаченик Димитриј Мироточив Солунски, свечено беше прославена храмовата слава на црквата „Св. Димитриј“ во Крива Паланка.
Беше отслужена архијерејска Литургија на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение со надлежниот епархиски архијереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и со Неговото Високопреосвештенство вомировениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, како и со свештенослужители од Кумановско-осоговската епархија.
На Божествената Литургија Митрополитот Григориј произнесе пригодна беседа. На крајот од богослужбата, Митрополитот Иларион доби на поклон панагија од Митрополитот Григориј и за истата се заблагодари.

























