Прослава на Илинден и ѓаконска хиротонија во Лешочкиот манастир

На 2 август 2025 година, по повод празникот на светиот славен пророк Илија (Илинден), во Лешочкиот манастир Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Архиерејска Божествена Литургија. На литургијата верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

На оваа литургија, Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф благоволи и го ракоположи најпрво во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон завршениот богослов Христијан Маркоски.

Во словото кое Митрополитот г. Јосиф го упати кон присутните, тој го претстави новиот ѓакон и му упати порака да ја сака својата Црква, својот народ и својата земја Македонија, и со своите дела да биде пример за сите верни.

На крајот од литургијата се прочита и Илинденското послание испратено од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со членовите на САС на МПЦ-ОА.

Извор: https://tge.mk/product/ilinden