На големиот македонски национален и духовен празник 2 Август – Илинден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, зеде учество во делегацијата предводена од претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова. Делегацијата ги посети Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и манастирот на Свети Прохор Пчињски во Република Србија.
Во манастирот на Свети Прохор Пчињски во Република Србија, македонската државно-црковна делегација, беше примена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и Митрополитот Врањски г. Пахомиј.
Извор: https://koe.mk/илинден/