На 6 мај / 23 април, на празникот Преполовение на Педесетница и на денот кога се празнува споменот на светиот великомаченик Георгиј, небесниот закрилник на Митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид.
На Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.


























