Прослава на именденот на владиката Давид

На 12 јануари, кога Црквата го празнува светиот Пророк, Псалмопевец и Цар Давид, по повод именденот на Епископот Дремвитски г. Давид на светата архијерејска Литургија во Манастирот „Успение на Пресвета Богородица”, с. Маркова Сушица, началствуваше Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение на Епископот Давид и повеќемина свештенослужители.

После прочитаното Евангелие, на верниот народ, со вдахновена беседа му се обрати Митрополитот Григориј, воедно честитајќи му го именденот на Епископот Давид.

На крајот од Литургијата Епископот Давид упати изрази на благодарност кон Митрополитот Григориј, кон Игуманијата Кирана со сестринството и кон сите присутни.

По завршувањето на Литургијата следеше послужување за присутните, како и пригодна уметничка програма.

Извор: https://www.facebook.com/man.uspenie