Прослава на јубилејот на Врањската епархија

Во соборниот храм „Света Троица“ во Врање, Србија, на 2 ноември 2025 година беше одбележана педесетгодишнината од обновата на Врањската Епархија, со Света архиерејска Литургија на која началствуваше неговото Високопреосвештенство Архиепископ и Митрополит Врањски г. Пахомиј од Српската Православна Црква, со сослужение на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, како и бројно свештенство и монаштво на Врањската Епархија.

На светата Литургија присуствуваа: игуменот на царската лавра Хиландар – високопреподобниот архимандрит Методиј, директорот на Управата за соработка со црквите и верските заедници на Србија, градоначалникот на Врање, претставници на локалната власт и институции, полиција, војска, свештенство, монаштво и верен народ, кој се собра да Му заблагодари на Бога за половина век обновен духовен живот во оваа епархија.

По завршувањето на светата Литургија, годишнината ја честиташе митрополитот Јован, а митрополитот Пахомиј се заблагодари на свештенството, монаштвото и верниот народ за трудот и пожртвуваноста во животот на епархијата во изминатите 50 години, како и на сите кои на различни начини придонеле за обновата и унапредувањето на целокупниот црковен живот во епархијата.

Извор: https://www.eparhijavranjska.org/Newsview.asp?ID=3108