Фотографии: bregalnickaeparhija.org.mk
Празникот на Светите првоврховни апостоли Петар и Павле – Петровден, којшто е градска слава на Кочани, беше торжествено прославен.
На навечерието на празникот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи празнична Вечерна богослужба во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. На вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа пригодна беседа.
По вечерната богослужба со иконата на светите апостоли Петар и Павле беше извршена литија до градскиот плоштад, каде Митрополитот Иларион, во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани, г. Љупчо Папазов, и многуброен верен народ, го благослови и пресече празничниот леб. Потоа Митрополитот Иларион присуствуваше на Духовната Академија, по повод празникот на градот Кочани, која се одржа во дворот на храмот „Св. Вмч. Георгиј”, во склоп на која беше одржан настап со православни црковни песнопеења од проектот „Терирем“ на Сузана Спасовска и протопсалтот Гоце Секулоски.
На 12 јули 2024 година, на самиот ден на празникот, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“, во Кочани беше отслужена света архијерејска Литургија.
На Литургијата началствуваше Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение со епископот-домаќин, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и вомировениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф и свештенослужители од Брегалничката Епархија.
На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Јосиф му со обрати на верниот народ со празнична беседа.
По Литургијата архијереите го осветија новиот Крст за куполата на храмот посветен на Светото Благовештение, во Кочани, којшто е во изградба.