Прослава на Петровден и ракополагање во Делчевско-каменичката епархија

На 12-ти јули, на празникот посветен на светите апостоли Петар и Павле, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко началствуваше на Божествената Света Литургија во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Делчево. На Епископот му сослужуваше бројно свештенство од епархијата и гости свештеници од други епархии.

За време на Литургијата Епископот одржа пригодна беседа во која го се осврна на чудесното обраќање на светиот апостол Павле, кој после средбата со Христа, од најголем гонител на христијаните се преобратил во најзначаен проповедник на верата. Исто така го потсети верниот народ како големиот свети апостол Петар, чие име во превод значи камен, трипати се одрече од Христос, но со покајнички плач се врати во верата и со три потврдни одговори, ја исповеда неговата голема љубов кон Христа.

На Литургијата Епископот го ракоположи во ѓаконски чин, ипоѓаконот Виктор Крстевски од Делчево.

Извор: https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02gwJJ6RcXiHxUvpp3617XxsMAPtmahvUmxHm3phNsdXR1nCA5dAgc5oTb3Mpv7riNl&id=61551990174842