На 1-ви јуни 2025 год., во градот Сурдулица кој се наоѓа во јужниот дел на Р. Србија беа прославени Светите Сурдулички маченици. Прославата започна вечерта на 30 јуни со бдение, а потоа се одржа свечена академија на која присуствуваа архијереите од Српската Православна Црква: Врањскиот Митрополитот г. Пахомије, викарниоот Епископ Липљански г. Доситеј, претставник на Неговата Светост српскиот Патријарх г. Порфириј и Епископот Делчевско-каменички г. Марко од Македонската Православна Црква.
Утредента се служеше Литургија на која началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение на Високопреосвештениот Митрополит Врањски г. Пахомиј и Преосвештениот викарен Епископ Липљански г. Доситеј, како и многубројно свештенство и монаштво од Врањската Епархија.
Во продолжение на програмата низ улиците на Сурдулица се одржа свечена литија до Длабока долина – местото каде пострадале сурдуличките маченици. Таму се изврши помен и се благослови и прережа славски колач.
Во молитвена и соборна атмосфера, на насобраниот народ му се обрати Митрополитот Врањски г. Пахомиј, кој ја истакнаа важноста на Сурдуличките маченици, и нагласи дека нивното страдање во Сурдулица не е само трагичен настан во историјата, туку е траен потсетник на вредностите на верата, слободата и идентитетот.














