Прослава на празникот на Св. Јован Златоуст во манастирот Св. Јован Златоуст во с. Нижеполе

На 26 / 13 ноември 2025 година, на денот на прослава на празникот на св. Јован Златоуст која е и слава на манастирот „Св. Јован Златоуст“ во с. Нижеполе и именден на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, беше отслужено сеноќно бдение, како што е вообичаено последниве 22 години откако е основан манастирот.

На Вечерната и Утрената началствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Врањски г. Пахомиј од Српската Православна Црква, а на Литургијата началствуваше митрополитот Јован во сослужение на митрополитот Пахомиј и Преосвештениот епископот Делчевско-каменички г. Марко.

На Литургијата, по прочитаното Евангелие, слово за св. Јован Златоуст произнесе митрополитот Пахомиј.

На крајот на богослужбата епископот Марко го благослови славското жито, а потоа митрополитот Јован им се заблагодари на сите кои дојдоа да му укажат чест на неговиот именден. Слово во одговор изрече епископот Марко.

Проповед на Митрополитот врањски г. ПахомијПроповед на Митрополитот врањски г. Пахомиј
По ЛитургијатаПо Литургијата

Извор: https://krushdem.org/2025/11/26/proslava-na-sv-jovan-zlatoust/