Прослава на празникот на свети Климент Охридски на Плаошник

Фотографии: fb.com/dke.org.mk/

Празникот на светиот Климент Охридски беше торжествено прославен со Архијерејска света Литургија во манастирот „Св. Пантелејмон и св. Климент Охридски“ на Плаошник, местото каде што самиот свети Климент Охридски основал манастир посветен на светиот великомаченик Пантелејмон.

На Божествената Литургија покрај моштите на свети Климент Охридски началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент.

По Литургијата, Неговото Преосвештенство отслужи помен на гробот на блаженоупокоениот Митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј, на јужната страна на храмот на Плаошник.