Прослава на празникот Животоприемен извор во Бугарија

На 17-ти април 2026-та година, кога светата Православна Црква го празнува споменот на  Живототворениот Извор, Посветен на Пресвета Богородица, на покана на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Видински г. Пахомиј во посета на Видинската епархија од Бугарската Православна Црква, беше Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко.

Двајцата владици служеа света Литургија во соборниот храм во Клисурскиот манастир посветен на светите браќа Кирил и Методиј, во сослужение свештенослужители од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и од повеќе епархии на Бугарската Патријаршија.

Богослужбените песнопенија ги изведоа монахињите од сестринството на манастирот. На празникот присуствуваа и монаси од Суховскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“ од Србија, како и монахињи од Македонија и од Србија.

По Литургијата беше извршена литија и осветување на вода по повод празничниот настан поврзан со обновување на храмот Пресвета Богородица, кој се наоѓа надвор од ѕидините на Цариград и е посветен на чудото што го изврши Богородица во 5 век.

Митрополитот г. Пахомиј му се заблагодари на својот собрат во Христа Епископот Делчевско-каменички г. Марко за заемната велигденска радост и можноста со „една уста и едно срце“ да го слават Бога и му подари епископска патерица. Во својата проповед Митрополитот ја истакна важноста за сите нас за причестувањето во Христа Господа, тоа нè прави вистински членови на Црквата и она што ја прави нашата духовна радост целосна. Токму со оваа духовна радост сме исполнети во овие благодатни денови во Светлината на Христовото Воскресение”.

Епископот г. Марко му се заблагодари на Митрополитот г. Пахомиј за поканата и изрази надеж дека двајцата повторно ќе се сретнат – во Бугарија или во Македонија. Претходната година, во неделата на Блудниот син, на покана на Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, Неговото Преосвештенство Митрополитот Видински Пахомиј ја посети црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, каде двајцата владици служеа Божествената Литургија.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1NneFhytSj/