Прослава на Преподобниот Јустин Ќелиски во Врање

Во петок, 1 / 14 јуни 2024 година, кога Светата Црква го празнува Светиот маченик и Филозоф Јустин и Преподобниот Јустин Ќелиски и Врањски, во храмот „Света Троица“ во Врање беше отслужена Света Архијерејска Литургија.

На Литургијата началствуваше Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, кому му сослужуваа Епископот Ваљевски г. Исихиј и домаќинот, Епископот Врањски г. Пахомиј, од Српската православна црква, заедно со Епископот Делчевско-каменички г. Марко и Епископот Дремвитски г. Давид. Сослужуваше и свештенството на Врањската православна епархија, а на певница беа богословите од Српската православна богословија „Свети Арсениј“ од Сремски Карловац и монахињите од манастирот „Свети првомаченик и архиѓакон Стефан“, во Горно Жапско.

Со поучна беседа, по прочитаното евангелско зачало се обрати владиката Делчевско-каменички г. Марко, кој нè потсети на ликот и делото на свети Јустин Ќелиски и Врањски.

По заамвоната молитва, архијереите ги благословија славските дарови приготвени од верниците за здравје на нивните домашни и нивните блиски. Годинава кум на славата е градот Врање. На литургијата присуствуваа градоначалникот на Врање д-р Слободан Миленковиќ, претседателката на градското собрание Зорица Јовиќ, заменик градоначалникот Милан Илиќ, членови на градскиот совет и многубројни верници.

По светото собрание, владиците и раководството на градот Врање се поклонија пред моштите на свети Јустин Ќелиски и Врањски во Сеправославниот центар „Преподобен Јустин Ќелиски и Врањски“.

Извор: https://www.eparhijavranjska.org/Newsview.asp?ID=2962