На 15 февруари 2026 година, на празникот Сретение Господово, кој годинава се поклопи со неделата на Страшниот суд – Месопусна, во храмот „Св. Никола“ во охридската долна влашка маала, беше отслужена света архијерејска Литургија.
На Литургијата чиноначалствуваше Високопреосвештениот митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение со Високопреосвештените митрополити: Кумановско-осоговски г. Григориј и вомировениот Кумановско-осоговски г. Јосиф, кој и беседеше на богослужбата.































