На 29 мај 2026 година, во денот кога се празнува споменот на светите Сурдулички маченици, во храмот „Св. Великомаченик Георгиј” во Сурдулица, Србија, беше отслужена света архијерејска Литургија на која началствуваше Високопреосвештениот Митрополит Врањски г. Пахомиј во сослужение на митрополитите: Рашко-призренски г. Теодосиј и Нишки г. Арсениј (од Српската Православна Црква), и епископите: Делчевско-каменички г. Марко и викарниот Дремвитски г. Давид, како и бројни свештенослужители од повеќе епархии.
После Литургијата беше направена и свечена литија до местото Длабока долина, каде што настрадале голем број од мачениците, неколку илјади на број, помеѓу кои двајца архијереји и осумдесет и осум свештеници.





