Прослава на св. 40 Севастиски маченици – Младенци во Гостивар

На 22 март 2025 година, на празникот св. 40 Севастиски маченици – Младенци, во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар беше отслужена света архијерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Митрополитот г. Пимен на крајот од Литургијата се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

Извор: https://tge.mk/sv-40-sevastiski-macenici-mladenci