По повод празникот на свети Игнатиј Богоносец, кој е слава на Архиепископот Диселдорфско-берлински и Митрополит Германски г. Григориј од Српската православна црква, во манастирот „Успение Богородично” во Химелстир, Германија, на 2 јануари оваа година, беше отслужено сеноќно бдение.
Неговото Преосвештенство Епископот Дремвитски г. Давид, началствуваше на вечерната и утрената и сослужуваше на светата Архиерејска Литургија на која началствуваше Митрополитот Григориј.
После прочитаното Евангелие беседеше Епископот Давид, кој воедно му ја честиташе и славата на Митрополитот Григориј.
На крајот од Литургијата пригодно обраќање имаше и Митрополитот Григориј, кој му се заблагодари на Епископот Давид на доаѓањето и изрази радост заради негувањето на единството на нашите цркви.
После богослужбата беше приредена свечена трпеза за сите присутни.
Извор: https://www.facebook.com/man.uspenie и https://eparhija-nemacka.com/proslava-svetog-ignatija-bogonosca-u-manastiru-uspenja-presvete-bogorodice-u-himelstiru/