На 20 декември / 2 јануари 2026 година, кога се прославува споменот на светиот Игнатиј Богоносец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Врањски г. Пахомиј од Српската Православна Црква, ја прослави својата крсна слава. По тој повод, многуброен верен народ се собра во Соборниот храм „Света Троица“ во Врање, Србија молитвено да го прослави празникот и славата на својот архипастир.
На Светата Литургија началствуваше Митрополитот Пахомиј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, како и игуменот на светогорскиот манастир Хиландар, Архимандрит Методиј, многубројно свештенството на Врањската епархија и протосингелот Висарион (Давчев) од Делчевско-каменичката Епархија.
По читањето на Евангелието епископот Делчевско-каменички г. Марко, искажа вдахновена беседа, а при тоа не изостави, да упати благодарност за поканата и воедно му ја честита крсната слава на домаќинот Врањскиот Митрополит г. Пахомиј.
По Светата Литургија беше прекршен славскиот колач, а во духот на љубовта, соборноста и црковното единство, на митрополитот Врањски г. Пахомиј му беа упатени честитки по повод крсната слава, со молитвени желби Господ да го укрепува во неговото архипастирско служење за полза на доверениот му Божји народ.
По Литургијата за гостите беше приредена трпеза на која присуствуваа и Високопреосвештените Митрополит на Српската Православна Црква: Нишкииот Арсениј и Браничевскиот Игнатиј.







