Прослава на св. Кирил и Методиј, патроните на градот Делчево

На 24 / 11 мај 2025 година, кога го празнуваме споменот на светите словенски просветители, рамноапостолните браќа Кирил и Методиј, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко служеше света Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“, во Делчево. По читањето на Евангелието епископот искажа вдахновена беседа.

По богослужбата, владиката Марко подели сертификати од школата за странски јазици и за црковно пеење при епархијата Делчевско-каменичка и благодарници на поединци и организации, за особен придонес во мисијата на Црквата.

После Литургија Епископот заедно со свештенството, зеде учество во свечена литија во чест на заштитниците на градот Делчево.

На богослужбата и на литијата присуствуваше и министерот за внатрешни работи г. Панче Тошковски.