Споменот на светиот Наум, Охридскиот Чудотворец, беше торжествено прославен во неговиот манастир на Охридското езеро.
На 2 јули 2026 година, на навечерието на празникот, во манастирот беше отслужена празнична Вечерна богослужба на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион, на покана од надлежниот епархиски архијереј, Неговото Високопреосвештенство митрополитог Дебарско-кичевски г. Георгиј. Молитвено беше присутен и Неговото Високопреосвештенство митрополитот Европски г. Пимен, а сослужуваа игуменот на манастирот „Св. Наум Охридски“, Неговото Високопреподобие архимандритот Нектариј и други свештенослужители од Дебарско-кичевската епархија.
На крајот на Вечерната богослужба, митрополитот Иларион го благослови петолобието и одржа пригодна беседа.
На самиот ден на празникот, на 3 јули 2026 година, во манастирот беше отслужена Божествена Литургија на која началствуваше митрополитот Георгиј, а му сосллужуваа митрополитите Георгиј и Пимен, заедно со свештенството од епархијата.
На крајот од богослужбата архијереите извршија мал водосвет и го благословија и пресекоа празничниот леб.





















