„Колку е убаво и колку е пријатно кога браќата живеат заедно“ – вели свети пророк и цар Давид. Ние ја живееме таа радост во овие благодатни мигови на духовно општење – известува парохијата „Света Петка“ на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Дизелдорф.
Во слава и чест на светата преподобна Параскева – Петка во парохијата „Света Петка“ се одржа вечерна Богослужба во сослужение на свештеници од Македонската православна црква, Романската православна црква, Антиохиската православна црква и Руската православна црква.











