На 17 / 4 декември, денот кога светата Православна Црква го чествува споменот на светата великомаченичка Варвара, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и бројно свештенство на Повардарската епархија, отслужи света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На Литургијата со празнично слово се произнесе Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
По Литургијата, Митрополитите и свештенослужителите извршија осветување на новопоставените икони во овој храм: копијата од чудотворната икона на Пресвета Богородица од Согленскиот манастир и иконата на света Ксенија Петроградска. Овие икони, на овој храм ги донираше г-дин Бојан Петковски, заедно со своето семејство, кому, во оваа прилика, Митрополитот Агатангел срдечно му се заблагодари.
Покрај мноштвото верни, кои молитвено присуствуваа на светата Литургија, беше и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, а присутни беа и претставници на градските институции.




























Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3216&Itemid=32
