Прослава на свети Кирил Лешочки во Лешочкиот манастир

На 25 / 12 март 2026 година, на денот кога го прославуваме споменот на светиот Кирил Лешочки, во Лешочкиот манастир беше отслужена Литургија на Претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

На литургијата молитвено присуствуваше  Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан и епископот Хераклејски г. Климент секретар на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Верниот народ се причести со светите Тајни.

На крајот од светата Литургија, Митрополитот Георгиј одржа пригодна беседа.

Извор: https://tge.mk/sveti-kiril-lesocki