Прослава на свети Прохор Пчињски во Пјаченца, Италија

Празникот на свети Прохор Пчињски беше свечено прославен во македонската црковна општина „Св. Прохор Пчињски и св. апостол Вартоломеј“, во Пјаченца, Италија.

На Божествената архијерејска Литургија сослужуваа Високопреосвештениот митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј и надлежниот архијереј, Високопреосвештениот митрополит Европски г. Пимен, во сослужение со свештенослужители од различни епархии на Македонската Православна Црква.

На литургијата присуствуваше и генералниот конзул на Р. Македонија во Р. Италија Фросина Ременски, вице-градоначалникот  на општина Пјаченца и бројни гости од соседните црковни општини од Италија.

По завршувањето на Литургијата верниот народ се собра на заеднички славски ручек, на кој на настапија играорките од ансамблот „Македонски цвет“.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1ASprxo4Yk/