Прослава на светите Тројца Јерарси во Делчево

Денес, 12-ти февруари (30 јануари) Православната Црква го празнува споменот на Светите Тројца Јерарси и учители на Црквата. По повод празникот во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, беше отслужена света архијерејска Литургија.

На Богослужбата началствуваше Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение на вомировениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф и Епископот Делчевско-каменички г. Марко.

На верниците им се обрати со пригодна беседа вомировениот Митрополит г. Јосиф.

На крајот од Литургијата верниот народ ги прими божествените дарови, а потоа Епископот г. Марко им се заблагодари на двајцата архијереи што братски се отповикаа на неговата покана, правејќи несебична жртва во чест на овој празник.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1X9qj4giiy/