Прославен празникот на светиот маченик Фануриј во Штип

На 9 септември 2026 година кога го чествуваме споменот на преп. Пимен Велики и св. мч. Фануриј, беше отслужена света архијерејска Литургија во соборниот храм „Св. Николај“ во Штип.

На Божествената Литургија началствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение со архијерејот домаќин, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион и со Неговото Високопреосвештенство митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола и свештенослужители од Брегалничката и Кумановско-осоговската епархија.

На крајот на Литургијата митрополитот Никола одржа пригодна беседа, а потоа архијереите извршија помен за покој на душата на мајката на светиот маченик Фануриј.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/