На 12 јануари 2025 лето Господово, кога светата Православна Црква и Лесновскиот Манастир го празнуваат споменот на светиот Гаврил Епископ Велички – Светогорец, во Лесновската Света Обител беше отслужена света архијерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Никола во сослужение на надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и свештенослужители од Брегалничката епархија и со учество на многуброен верен народ.
На богослужбата беа присутни и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г-ѓа Оливера Трајковска, градоначалникот на општина Штип г. Иван Јорданов и градоначалникот на општина Пробиштип г. Драган Анастасов.
Пред почетокот на Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион, во чин чтец го произведе Борче Павловски од Кочани.
Пригодна беседа одржа Епископот г. Никола, а потоа архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб.



























