Протојерејот Тони Јошевски произведен во протојереј-ставрофорски чин

Известува: о. Горан Трпчевски

Во традиционално преполните Македонски Православни Храмови во САД, за време на Божикните празници, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј направи канонска визитација на храмовите во Чикаго.

На самиот ден на Рождеството Христово – Божик, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Вилобрук, Илиноис, со одлука Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополитот г. Методиј, за време на Божикната богослужба, парохискиот свештеник, протојерејот Тони Јошевски, го удостои со носење граден крст, односно во протојереј-ставрофорски чин.

Чинот беше поздравен од верниот народ и полната црква.