Прво печатено издание на Крушевско-демирхисарската епархија

Излезе од печат првото печатено издание на Крушевската и Демирхисарска света митрополија „Утре е недела”. Бидејќи е илустрирано изданието може да се нарече сликовница, но според содржината повеќе одговара на четиво за возрасни. На многу впечатлив и интересен начин ја толкува Литургијата на Божјата Црква, која е богослужба за сите возрасти и на едноставен и за секого поимлив начин ја објаснува смислата на истата.

Заради големиот интерес, ова е второ издание на сликовницата и тоа во 4.000 примероци. Првото издание е од Преспанско-пелагониската епархија во 1997 година, а првото препечатување е издание на Повардарската света митрополија, во 2000 година. Ова издание се смета за второ, зашто е опремено со целосно нови илустрации.

Извор: https://krushdem.org/2025/05/22/izdanie-utre-e-nedela/