Во издание на Македонското библиско здружение излезе од печат книгата со псалми – Псалтир. Истата е превод од старогрчки на современ македонски јазик.
Псалтирот (Книгата Псалми) претставува збирка на поетски текстови напишани од различни автори, во различно време и со различен карактер.
Изданието е превод од старогрчки јазик (извор: Септуагинта) и, истото, се карактеризира со обемен вовед (во којшто се среќаваат богати податоци за псалмите), со поделба на псалмите на катизми и, истовремено, со распоред за читање на истите за време на богослужбите преку целата година.