На 24 август 2025 година, во 11-тата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Неговото Преосвештенство епископот Велички г. Никола и отците на Прилепското намесништво, благоволи да отслужи архијерејска света Литургија.
Пред почетокот на Литургијата, од рацете на надлежниот архијереј беше ракопроизведен во чин ипоѓакон дипломираниот теолог, чтец Милан Маџароски. За време на литургијата ипоѓаконот Милан Маџароски беше ракоположен во ѓаконски чин, кој од денес ја започнува својата ѓаконската служба во соборната црква „Свето Благовештение“ (Стара Црква) во Прилеп.
Досегашниот ѓакон на соборната црква, теологот Младен Јовчески, беше ракоположен во презвитерски чин, којшто од денес ја започнува својата презвитерска служба во Ропотовската парохија.
Им посакуваме и на двајцата новоракоположени служители Божји, добро здравје, мирен и долг живот на нивата Господова.
На многаја и благаја лета.


















