Во 19 седмица по Педесетница, на денот кога светата Православна Црква го чествува споменот на светиот апостол Тома, во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес, беше отслужена света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители на Повардарската епархија. На оваа Литургија, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи најпрво во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон, досегашниот чтец Александар Тимчевски од Куманово.












































Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3195&Itemid=32
