На 23 јуни 2024 година, денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите или Педесетница – Духовден, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија со Вечерна богослужба во храмот на свети вмч. Димитриј во Крива Паланка.
На Светата Литургија ипоѓаконот Бранко Ѓорѓиевски го ракоположи во ѓаконски чин. Верниот народ на Светата Литургија се причести со Светите Христови Тајни.















